Радио Милева
мајсторот останува мајстор

Боба Живојиновиќ после долги години, одново се фати за рекет: Некогашниот светски тениски ас покажа дека уште го бива, иако ова не е баш тенис (ВИДЕО)

Боба Живојиновиќ после долги години, одново се фати за рекет: Некогашниот светски тениски ас покажа дека уште го бива, иако ова не е баш тенис (ВИДЕО)

Видеото кое на социјалните мрежи го сподели синот на Боба, Филип Живојиновиќ им ги освежи сеќавањата на неговите фанови кога сопругот на Лепа Брена беше меѓу најдобрите светски тенисери.

Имено, карантинот и изолацијата ако за ништо друго, можат барем да се искористат за малку да се отепа времето, а и човек да се релаксира во домашни услови. Околностите се такви што простор за којзнае какви спортски активности нема, но Боба и неговиот син Филип најдоа решение.

Некогаш член на клубот на најдобри светски рекети, Боба покажа дека удирањето на топчето прецизно во поле, се’ уште не заборавил одлично да го владее. само што овој пат тенискиот рекет беше заменет со помал или поточно палка, а тенискиот терен со маса за пинг-понг.

Не е тенис, ама е слично, па иако баеги „поправен“ во однос на она време, килограмите на некогашниот тенниски ас не му пречеа да му парира и „да го преслуша“ својот син во пинг-понг.

„Карантински тренинг на малку помал терен отколку што сме навикнале“ – напишал Филип… Веројатно како шеговито оправдување за поразот!

 

View this post on Instagram

 

Karantinski trening na malo manjem terenu nego sto smo navikli.

A post shared by Filip Zivojinovic (@carpediem_fbz) on

Останати вести од Радио Милева