Радио Милева

Боба се здебелил за време на карантинот, а Брена го држи под контрола: „Престани толку да јадеш“

Боба се здебелил за време на карантинот, а Брена го држи под контрола: „Престани толку да јадеш“
фото: свет.рс

Боба Живојиновиќ овие две недели додека е во самоизолација се здебелил 5 килограми бидејќи само нешто готви и јаде, а Брена често го опоменува.

Таа е загрижена за неговото здравје бидејќи знае колку се страшни мрсноотите и шиќерите во крвта.

„Боба е гурман. Многу сака да јаде, а пред се многу сака да готви. Тој неколку пати се обиде да откаже некои работи, но не му оди. Тоа е посилно од него. Свесен е дека вишокот на килограми може да му го загрози здравјето. Затоа е Брена тука. Таа често го опоменува. На неа не и пречи естетски, таа го сака најмногу на свет, но загрижена е. Му предложуваше неколку нутриционисти, тој вели дека ќе оди и никако да отиде. Виктор успеа да се избори со килограмите. Брена одлучи да го стави под контрола и да ослабе до летото“ тврди извор на семејството Живојиновиќ.

фото: свет.рс

За потсетување, пред да започне вонредната состојба во Србија, Брена и Белград се вратија од Мароко, па оттогаш се наоѓаат во самоизолација во нивните домови.

Останати вести од Радио Милева