Радио Милева

Блиски пријатели открија како изгледале последните месеци на Дивна Карлеуша

Блиски пријатели открија како изгледале последните месеци на Дивна Карлеуша
фото: Дамир Дервишагиќ

Дивна Карлеуша, радио водителка и мајка на Јелена Карлеуша почина во недела на 3 март од рак на белите дробови.

Јелена тешко ја поднесува смртта на нејзината мајка со која била многу поврзана и се направила за да нејзината мајка оздрави.

„На Дивна и беше многу тешко. Таа боледуваше од рак на белите дробови, а силните терапии на кои ја водеше Јелена и го продолжуваа животот, но не и квалитетот. Многу се мачеше, болеста полека ја убиваше, а последните месеци и беше многу тешко, вели извор близок на семејството и додава дека Јелена својата мајка ја водела секаде.

фото: принтскрин/инстаграм

„Јелена ја водеше својата мајка во сите клинки. На крајот се одлучи за позната клиника во Турција, каде заедно одеа на зрачење, хемотерапии, но и на редовни контроли. Што и да слушнеше дека може да помогне, од лекови, препарати, витамини, што и да е, Јелена купуваше, не прашувајќи за цената“ вели изворот и додава:

„Иако даде 100% од себе и беше покрај нејзината мајка до последниот ден, Јелена не може да прифати што нејзината најголема поддршка ја нема. Често се прашува дали можеше да направи нешто за неа и повторува дека не може да го прифати нејзиното заминување. Покрај неа е Душко, но и тој ќе мора да се врати во Кина поради своите професионални активности. Затоа, планира да оди во Кина“ тврди изворот.