Радио Милева
доби шанса

Благица Ѕунзуровска потфрли во „ЅГ“, па доби жестоки критики од Карлеуша: „Ова беше катастрофа“

Благица Ѕунзуровска потфрли во „ЅГ“, па доби жестоки критики од Карлеуша: „Ова беше катастрофа“
фото: З.К.Муња/Д. Милошевиќ

Благица Ѕунзуровска настапуваше во последната емисија на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, таа се „бореше“ против нејзината кандидатка Јована Миленковиќ.

Македонската претставничка се претстави со песните „Југословенка“ од Лепа Брена и „Тажна љубов среќна песна“ од Тамара Тодевска.

фото: принтскрин/јутуб/зведе гранда

Благица доби само еден глас и не помина во следниот круг на музичкото шоу.

„Девојки, ова беше катастрофа. Нема ништо да направите во оваа професија, пекол, потфрливте “, изјави Јелена Карлеуша за двете кандидатки.

Инаку жирито се согласи дека Благица е добра пејачка, но дека овојпат направила лош избор на песните.

фото: принтскрин/јутуб/зведе гранда

„Благица покажа потполна неодреденост во техничка смисла“, изјави Босанац.

Жирито понатаму не го коментираше пеењето на нашата кандидатка која испадна.

Инаку, Ѕунзуорвска пред некоја година победи во „Неки нови клинци“, а продукцијата неодамна реши да ја покани во „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи некоја македонска кандидатка се откажала.

Дали Благица ќе се пријави во следната сезона останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева