Радио Милева
повторно на познатата сцена

Благица Ѕунуровска доби повик од Саша Поповиќ и се појави во музичкото шоу, а Карлеуша и порача: „Ти си опасна ѕверка“

Благица Ѕунуровска доби повик од Саша Поповиќ и се појави во музичкото шоу, а Карлеуша и порача: „Ти си опасна ѕверка“
фото: З.К Муња/ Д. Милошевиќ

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваа неколку македонски претставници кои поминаа во следниот круг.

Една од нив беше и некогашната победничка на „Неки нови клинци“, Благица Ѕунѕуровска од Скопје која беше во дуел со Филип Јовановиќ.

Благица се претстави со песните „Збуњена“ и „Горка храброст“. По нејзината интерпретација таа доби вкупно три гласа од жирито.

фото: принтскрин/јутуб/звезде гранда

Веднаш се огласи и Саша Поповиќ кој истакна дека на Благица и се јавиле два, три дена пред снимањето бидејќи една македонска кандидатка се откажала и дека Ѕунѕуровска немала воопшто време да се подгтвува со својот ментор.

фото: Инстаграм

Марија Шерифовиќ истакна дека штом Благица ја вратиле  на „3,4“ тогаш заслужува да оди во следниот круг.

Карлеуша прокоментира дека Благица е преслатка, но дека опасно пее.

„Благице, ти си слатка, симпатична, но кога пееш ти си опасна ѕверка. Јас ти дадов глас поради бруталниот талент , енергијата и ѕверскиот поглед  и те молам направи успех во оваа работа бидејќи ти си ѕверка“, истакна Карлеуша.

Поповиќ беше кој треба да одлучи дали Ѕунѕуровска ќе оди понатаму, така да тој го даде својот глас и ќе имаме прилика македонската кандидатка да ја гледаме во некои од следните емисии.

фото: принтскрин/јутуб/звезде гранда

Нејзиниот настап може да го погледнете во видеото подолу на 1:27:44

<iframe width=”853″ height=”480″ src=”https://www.youtube.com/embed/9VFCnFCFS9Y” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

 

Останати вести од Радио Милева