Радио Милева

Бизарни барања: Ерос Рамацоти го испрати спосокот на желби за концертот во Белград!

Бизарни барања: Ерос Рамацоти го испрати спосокот на желби за концертот во Белград!
фото:Инстаграм/ерос рамацоти

Најголемата италијанска поп-sвезда ќе го посети и Белград во рамките на тековната турнеја, а неговиот тим испрати список на барања што мора да бидат исполнети.

Рамацоти ќе одржи концерт во Штарк Арената на 24 септември, а покрај готвачот што го носи со себе сака и српски готвач да му подготви јадење.

Ерос треба да гледа посебен канал на кој неговиот фудбалски тим се емитува додека игра или за време на тренинзите. Тоа е тим што тој купи неодамна, а игра во непрофитна категорија.

фото:Инстаграм/ерос рамацоти

– Ерос сака антена зад сцената, тоа е она што се случи и минатиот пат кога дојде. Треба да гледа некој канал на кој неговиот фудбалски тим се емитува за време на тренинг или додека игра. Ерос толку многу го сака фудбалот што купи мал тим што игра во некоја непрофитна категорија. Тој е член на Националната фудбалска репрезентација на пејачи и актери кои играат пријателски натпревари во хуманитарни цели – вели изворот и додава:

– Што се однесува до храната, Ерос доаѓа со своите готвачи, но побара и еден српски готвач да биде во неговиот тим на денот на концертот. Ерос сака да јаде говедска опашка. Кога станува збор за стајлингот, тој ќе носи креација од Салваторе Ферагамо или Армани.

Ерос Рамацоти на 30-ти септември ќе настапи и во Скопје.

Останати вести од Радио Милева