Радио Милева
во нова улога...

Бившата хрватска претседателка стана глумица: Колинда Грабар Китаровиќ доби улога во новата хрватска ТВ сапуница (ФОТО)

Бившата хрватска претседателка стана глумица: Колинда Грабар Китаровиќ доби улога во новата хрватска ТВ сапуница (ФОТО)

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ прифати  да играше како специјален гостин улога во хумористичната телевизиска серија „Дар-Мар“, што се прикажува на хрватската телевизија Нова.

Колинда има мала улога и таа го потврди својот ангажман за „Јутарњи лист“, но поради договорот со телевизиската компанија, не се осмели да открие многу детали.

„Одлично се забавував на сетот, затоа се согласив на улогата“ – љубезно одговорила Грабар Китаровиќ, која неодамна ја загуби трката за втор претседателски мандат од Зоран Милановиќ.

„Дар-мар“ е теленовела чие снимање започна летово под строги епидемиолошки мерки, а првата епизода беше прикажана на 5 октомври и веднаш постигна огромен успех во Хрватска. Заплетот на серијата е сместен во имагинарниот хрватски град Дизмово и ги следи животите на Божена, шефот на најмалата полициска станица во земјата, и нејзините колеги полицајци Бранко и Жељко, како и пензионираниот колега Миле.

 

Во серијата играат Ксенија Пајиќ, Синиша Ручиќ, Милан Штрљиќ и други, а досега се емитувани 35 епизоди. Улогата што Колинда Грабар Китаровиќ ја игра во оваа серија се уште не е позната, а епизодата во која таа игра треба да биде прикажана по Новата Година, во јануари 2021.

Фото: Инстаграм принтскрин/kolindafan

Останати вести од Радио Милева