Радио Милева

Бил диџеј, па пратеник: Ова е поранешното момче на Лепа Брена со кое била во врска пред Боба Живојиновиќ!

Бил диџеј, па пратеник: Ова е поранешното момче на Лепа Брена со кое била во врска пред Боба Живојиновиќ!
фото: принтскрин/дармифервишагиќ

Лепа Брена пред да го запознае Боба Живојиновиќ била во врска со поранешниот пратеник на СНС и претседател на Одборот за култура и информации, Мирко Крлиќ.

Тие биле заедно на почетокот на 80тите, кога Лепа Брена веќе била ѕвезда, а Мирко бил диџеј во Зрењанин.

Пејчката никогаш не зборуваше за овој нивен однос, а по нивното раскинување Крлиќ проговори за неговата романса со фолк пејачката.

фото: дамир дервишагиќ

„Точно е дека Брена ми беше девојка долго време и се сакавме. Но, тоа сега е минато и ние сме добри пријатели“, изјави Мирко пред 30 години.

Тој опиша и како се запознал со регионална ѕвезда.

„Брена првпат ја сретнав кога првпат настапуваше во Зрењанин. Се допаднавме на прв поглед, па почнавме да се забавуваме. Јас тогаш бев диџеј во Домот на младост, а подоцна и во еден бар. Брена во нашиот град пееше по неколку месеци, а се гледавме и подоцна“, изјави тогаш Мирко.

фото: принтскрин

Инаку, Брена на премиерата на филмот „Хајде да се волимо“ го запозна својот сегашен сопруг Боба Живојиновиќ со кој е во брак повеќе од 20 години и ги имаат синовите Стефан и Виктор.

Останати вести од Радио Милева