Радио Милева

„Би била интересна појава на Евровизија“: По 50 – годишната кариера Неда Украден има само една желба

„Би била интересна појава на Евровизија“: По 50 – годишната кариера Неда Украден има само една желба

Неда Украден денес важи за една од најуспшените пејачки во регионот, а и во шестата деценија од животот изгледа презгодно и многумина можат да и позавидат на линијата.

И покрај многубројните хитови и успешната кариера, жали што не успеала да пее сама во Европа.

„Отсекогаш имав желба да настапувам на Евровизија. Во времето кога излезе песната „Зора је“ немаше интернет, ниту „Јутуб“, а песната најде пат до публиката и надвор од границата на нашата земја. Во тоа време, тоа беше голем успех и ми е жал што како самостојан изведувач не учествував на Евровизија, вели Неда за „Ало“ и додава:

фото: Ненад Вуљановиќ

„Во секој случај, би била интересна појава на Евровизија! Ако не друго, барем ќе бидам најстарата учесничка со шокантен настап, вели Неда која во 80тите пееше како придружен вокал на евровизискиот настап на Сеида Мемиќ Вајт.

Периодов Неда ја промовира својата нова песна „Волим живот“ која го објаснува нејзиниот став кон животот.