Радио Милева
Бујна и секси

Без фотошоп и филтри: Џенифер Лопез „уловена“ на плажа – еве како навистина изгледа латино дивата (фото)

Без фотошоп и филтри: Џенифер Лопез „уловена“ на плажа – еве како навистина изгледа латино дивата (фото)
фото:профимедиа

Џенифер Лопез (51) е „фатена“ од папараците на плажа, а ја покажа својата заводлива линија.

Популарната латино пејачка и актерка носеше едноделен црн костим за капење кој ја истакнуваше нејзината фигура, а кога сврте грб, погледот на нејзиниот обликуван задник ги полуде сите.

фото:профимедиа

Секој веќе знае дека Џенифер работи напорно на својата линија, јаде здраво и редовно вежба.

фото:профимедиа

Да потсетиме, Џј ЛО ја одложи својата венчавка со Алекс по втор пат поради пандемијата на коронавирус, а по тој повод, пејачката призна дека откажувањето на венчавката им даде шанса на неа и на нејзиниот свршеник да размислат подобро за тоа што двајцата сакаат во иднина.

фото:профимедиа

“Сфативме дека нема причина за брзање. Требаше да се венчаме во август во Италија, сето тоа го испланиравме детално. Но, поради сè што се случуваше, ја одложивме венчавката. Италија беше најлошото место на светот во тоа време. Сето тоа беше разочарувачки”. , изјави Џенифер претходно во шоуто со Енди Коен.

Останати вести од Радио Милева