Радио Милева

„Бев кандидат во сенка“:Рада Манојловиќ се потсети на своето учество во „Ѕвездие на Гранд“, па откри која случка и го променила животот

„Бев кандидат во сенка“:Рада Манојловиќ се потсети на своето учество во „Ѕвездие на Гранд“, па откри која случка и го променила животот
фото: Принтскрин/инстаграм/радаманојловиќ

Рада Манојловиќ пред 12 години учествуваше во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Таа во последното интервју во „Гламур специјал“ се потсети на нејзиното учество и почувствува потреба да се заблагодари на новинарката Симонида Милојковиќ.

„Јас во текот на целиот натпревар бев некаде предпоследна. Бев како натпревар во сенка, се додека не се случи таа емисија со Симонида, на која сум и благодарна и ден денес“ вели Рада во разговор за „Гламур“.

фото: Принтскрин/јутуб

„Таа од никаде ме праша прашање за кое не знам зошто ја интеренсираше одговорот. Ме праша кого ќе обвинувам доколку испаднам од натпреварувањето. Можеби претпоставуваше дека сум претпоследна и дека можеби ќе испаднам“ вели Рада и додава:

фото: Принтскрин/јутуб

„Јас во тој момент ја кажав вистината односно она што го мислев: „Јас никого нема да обвинувам бидејќи сум пресреќна што дојдов до овде бидејќи немам гласачи. За мене кој ќе гласа. Јас сум од едно мало село кое има 500 мештани. Немам голем град за себе. И кој да гласа за мене? И навистина сите беа од големи градови , а јас бев од Четереж“ вели Манојловиќ.

„Потоа, Жика Јакшиќ ми кажа дека додека зборував гласовите почнале да растат, па бев на прво место на листата. До крајот на натпреварот бев на прво или второ место, а така се заврши и натпреварот бидејќи бев на второ место, веднаш после Душан Свилар. Тоа никогаш нема да го заборавам. Жика ми кажа дека сите села гласале за мене, а кога ќе се соберат сите гласачи од селата испаѓа дека има поголем број на гласачи од градовите. Не знам колку луѓе живеат во нашите села, но испадна дека се многу“ заклучи пејачката.

Останати вести од Радио Милева