Радио Милева

Бесна им се нафрли на новинарите: Неда Украден шокира со однесувањето

Бесна им се нафрли на новинарите: Неда Украден шокира со однесувањето

Иако претставниците на седмата сила во Србија ја почитуваат и редовно пишуваат за неа, изгледа дека на Неда Украден тоа не и е доволно, па според колегите во соседството, таа веројатно сака холивудски третман, а смета дека не го добива, пишува Ало.

Имено, кога Неда се појавила на снимањето на емисијата „Никогаш не е доцна“, била видно нерасположена откако ги видела новинарите.

-Што сакате од мене?Нема да ви дадам изјава. Што ми приоѓате, што ми приоѓате? Не ми се приближувајте, викала Неда како да сакала дополнително да го привлече вниманието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden) on

Иако новинарите се обиделе да ја смират, таа продолжила со лошото однесување.

-Ете ви ги другите ѕвезди кои ги туркате и за кои пишувате, а мене не ми приоѓате. Па дали вие знаете дека телевизија од Романија мене ме праќа во Лас Вегас на фестивал, каде настапувам со Енрике Инглесијаз? А не постои телевизија од Србија која мене ме праќа на некој фестивал, викала Неда очигледно сакајќи да порача дека можеби е подготвена за на „Евровизија“, но нема кој да ја повика.

фото:инстаграм