Радио Милева
само другари или... Се' за љубов?

Беше водителка на „Све за љубав“, а потоа ја снема од ТВ екраните: Катарина Шишмановиќ речиси непрепознатлива, фатена на кафе кај „задругарот“ Брендон (ФОТО)

Беше водителка на „Све за љубав“, а потоа ја снема од ТВ екраните: Катарина Шишмановиќ речиси непрепознатлива, фатена на кафе кај „задругарот“ Брендон (ФОТО)

Катарина Шишмановиќ важеше за една од најубавите водителки во Србија, а во последните неколку години се повлече од малите екрани и тешко може да се види во јавноста.
Со години таа беше предмет на желба на многу мажи, а покрај емисиите што ги водеше, водителката го обиколи светот и ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи со фотографиите и видеата од разните егзотични  дестинации каде што патуваше.

Имајќи предвид дека таа веќе долго време не е активна во медиумите и дека не може да се види на малите екрани, многумина се изненадија кога еден од најинтригантните членови на реалното шоу „Задруга“, Бранислав Радоњиќ – Брендон, објави  домашна фотографија со прекрасна водителка на својот Инстаграм профил.

Двајцата уживаат со кафе, во опуштено издание на терасата.

„ТВ лица како сиот нормален свет“ – напиша Брендон во описот на фотографијата, а многумина не можеа да го пропуштат фактот дека убавата водителка сега изгледа непрепознатливо. Како ни дилемата дали Катарина и Брендон се само другари на кафе или по кафето имало и… „мафе“? Што и да е… „Се’ за љубов“!

Да потсетиме, Катарина со години беше заштитно лице и водителка на шоуто „Сè за љубов“, а последниот проект на кој работеше беше квизот „Кој е на врвот“. Во двете емисии таа работеше со истиот колега, актерот и водител Милан Калиниќ.


После тоа, Катарина реши да паузира и да им се посвети на студиите, а минатата година на социјалните мрежи се пофали дека станала магистер по политичка економија на Факултетот за политички науки во Белград.

Останати вести од Радио Милева