Радио Милева

Дарко Даринос со емотивна порака за своето семејство, а таа секогаш ќе му недостига (фото)

Дарко Даринос со емотивна порака за своето семејство, а таа секогаш ќе му недостига (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/даркодаринос

На почетокот во сезоната во „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Даринос не остави некој голем впечаток, но Ѓорѓе Давид прифати да биде негов ментор и да работи со него.

По неколку круга, Даринос беше вистинско изненадување на сцената на „Гранд“, па многумина беа изненадени од неговиот талент.

Даринос успеа да стигне до самото финале и да се бори со 16-те  финалисти.

фото: Принтскрин/инстаграм

Најчесто во емотивната соба, Даринос го придружуваше некој пријател.

Меѓутоа, деновиве, македонскиот кандидат одлучи на својот „Инстаграм“  да извади фотографија од архива, па објави постара фотографија.

фото: Принтскрин/инстаграм/даркодаринос

„Моето семејство…моето се.Тато, дада и мама…Ве сакам“ напиша Даринос во описот на фотографијата. Инаку, мајката на Дарко е почината, а тој се потсети на еден емотивен момент, а во описот на фотографијата напиша и „непрежалена мајка“.

Пред некое време, Даринос и на својот „Фејсбук“ сподели фотографија од неговата мајка, а во описот напиша:

„Сакајте ги блиските луѓе додека се живи….Кога ќе станат спомен веќе е доцна. Фалиш мајко…ете го и финалето, знам дека се гордееш. Барем да сонувам“, напиша Даринос пред некое време.

Инаку, неодамна Дарко се пофали дека постигнал договор со „Гранд“ за следните 9 години.

Што ќе подготви Даринос по финалето за „Ѕвездите на Гранд“, останува да видиме.