Радио Милева

„Беше многу среќен“: Мајката на Дарко Лазиќ откри какво видео Ана Севиќ му покажала на пејачот

„Беше многу среќен“: Мајката на Дарко Лазиќ откри какво видео Ана Севиќ му покажала на пејачот

Мајката на Дарко Лазиќ, Бранка Лазиќ вели дека многу плачела поради сообраќајната несреќа на нејзиниот син, а сега се радува на приновата.

Таа вели дека не верува дека Лазиќ новогодишните празници ќе ги помине во болница, туку најверојатно ќе оди во бања.

„Не верувам дека ќе биде во болница. Мислам дека ќе биде во бања на лечење. Сепак, лекарите ќе одлучат“ вели мајката на Лазиќ.

 

View this post on Instagram

 

❤❤❤

A post shared by Milan Branka Lazic (@milanbranka) on

На прашањето дали му недостига ќерката Лорена, која ја има во бракот со Ана Севиќ, мајката на пејачот одговори:

„Секако дека му недостига. Ми кажа дека една вечер Ана била и му покажала видео од Лорена. Беше многу среќен. Ана ја снимила и Дарко беше многу среќен кога го виде видеото“ вели Бранка.

Имено, свршеницата на Дарко е бремена и ќе стане татко по вторпат.