Радио Милева

„Беше лага дека те сакам повеќе од се“: Дали Харис ова го напиша за Рада Манојловиќ?

„Беше лага дека те сакам повеќе од се“: Дали Харис ова го напиша за Рада Манојловиќ?

Неодамна во српските медиуми како бомба одекна веста дека Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ раскинале, а наводно причината за тоа било неверство.

Тие двајцата не се огласија по овој повод, но сега Харис направи нешто за што порталот Пинк.рс се посомнева дека е можеби е посветено на Рада и се она што се пишува.

Имено,пејачот најави дека за неколку дена ќе излезе неговата нова песна која носи наслов „Лош“, за што ги извести следбениците на Инстаграм, а пораката и стиховите кои ги напиша се двосмислени.

-Дека те сакав повеќе од се, тоа се беше лага!, напиша Харис и додаде дека песната никого нема да остави рамнодушен.


Дали ја опеа својата љубов со Рада или не, сигурно ќе се дознае наскоро.