Радио Милева

Беше и со Огњен Врањеш: Катарина Грујиќ проговори за бившите – им плаќав ручеци, вечери, им давав пари…

Беше и со Огњен Врањеш: Катарина Грујиќ проговори за бившите – им плаќав ручеци, вечери, им давав пари…

Пејачката Катарина Грујиќ проговори за своите поранешни љубовни врски, но и какви непријатности и се случувале по раскинувањето.

Пејачката зборуваше за тоа дека не сака нејзиното момче да нема работа, но и дека не и е проблем ако таа повеќе заработува. Таа додава дека мажите финансиски ја искористувале.

-Ги издржував, им плаќав ручеци, вечери, патувања, им давав пари, почнува Каќа и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katarina Grujić (@katarinagrujic.doll) on

-Слушнав дека момците кои досега беа со мене биле од корист. Дури слупнав дека еден поранешен по раскинувањето со мене влегувал во клубови на мое име и дека се „мувал“ со девојки така што во клубот кажувал дека е со мене. Тоа е така тажно. На целата среќа, моите пријатели од тие клубови знаеја дека тој не ми е повеќе момче, па тоа не ми поминува веќе. Може било така месец два и готово. Секогаш успевам да кажам дека тие се само поранешни и толку, вели атрактивната пејачка.

Останати вести од Радио Милева