Радио Милева

„Бекстејџ“ во домот на Влатко Илиевски – овде 33 години живееше македонскиот пејач (видео)

„Бекстејџ“ во домот на Влатко Илиевски  – овде 33 години живееше македонскиот пејач (видео)
фото: фејсбук/принтскрин/бекстејџ

Македонскиот пејач Влатко Илиевски почина пред две години. Тој беше пронајден мртов во неговиот автомобил „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“.

И по две години од неговата смрт, неговото семејство, пријатели, колеги се уште не може да го прифатат фактот дека македонската ѕвезда го напушти овој свет.

Тамара Тодеввска по повод две години од смртта на Влатче, на социјалните мрежи напиша емотивен статус за својот пријател, колега истакнувајќи дека секој ден и недостига да ги споделуваат заедничките моменти.

Екипата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ деновиве го посети домот каде што живееше Илиевски со неговото семејство. Имено, тој живееше во скопската населба Ѓорче Петров заедно со неговите родители и неговата сестра.

Родителите на пејачот ги отворија вратите од својот дом за „Бекстејџ“, а како што велат секое коше потсетува на Влатче.

фото: Принтскрин/бекстејџ

На ѕидовите преовладуваат постери, фотографии, а Влатко беше љубител и на уметничките фотографии со клонови.

фото: Принтскрин/бекстејџ

Во продолжение погледнете како изгледаше домот во кој живееше Влатко Илиевски.


И по две години останува непреболената тага и болка по македонскиот пејач, како и неговите песни кои секогаш  ќе не потсетуваат на него.

Потсетуваме, Влатко почина само неколку дена по својот 33 роденден.

Останати вести од Радио Милева