Радио Милева

„Бекстејџ“ откри кои познати личности купуваат на пазарот во Шутка

„Бекстејџ“ откри кои познати личности купуваат на пазарот во Шутка

Кога сте јавна личност и дел од јавниот свет, постојано сте под будното око на камерите и јавниот свет.

Вообичaeно познати личности пред ТВ екраните секогаш изгледаат средено, со шминка и во разни модни комбинации.

Тие најчесто практикуваат да купуваат брендирана облека или пак некое добро модно парче.

Деновиве екипата на „Бектстејџ“ направи анализа и откри кои познати личности купуваат на пазарот во Шутка.

„Почесто да, како што се Тони Зен, Слаткаристика,Јелена Јованова. Почесто сакаат бренд, доаѓаат за фармерки, дуксери“ вели еден соговорник за „Бекстејџ“.

Друг соговорник вели дека од таму купувал и Панчо од ДНК.

„Го видов и Панчо од ДНК, направивме заедно една фотографија и ја ставивме на „Инстаграм“.

Како и да е, сигурно тие го нашле она парче облека што го барале.

Познатите се уште не се огласија за тоа дека купуваат од Шутка.

Останати вести од Радио Милева