Радио Милева

Бекамови во паничен страв: Дејвид и Викторија направија нешто што никој не го прави за да се заштитат од крадци

Бекамови во паничен страв: Дејвид и Викторија направија нешто што никој не го прави за да се заштитат од крадци

Фудбалерот Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, кои важат за една од најпознатите светски брачни двојки, ја изненадија јавноста со својот последен потег, што според многумина е радикален.

Имено, ти со своите деца Ромео, Круз и Харпер, живеат на семејниот имот во „Котсволдс“, каде дојдоа за да ја избегнат изолацијата, решија да изградат тунел за бегство во случај некој да одлучи да провали во нивната куќа.

Викторија и Дејвид се решија на овој потег откако домот на англискиот фудбалер Деле Али беше нападнат од провалници минатиот месец, кои, меѓу другото, му се заканувале на фудбалерот со нож.

„Со новите нацрти е предвидена визба која покрај винарскиот склад ќе има и тунел, кој во случај на провална кражба во куќата, семејството ќе го користи за да избега“ – откри архитектот надлежен за реновирање на домот на Бекамови.
Патем, пред две години тие се соочиле со обид за грабеж, кога провалници двапати за два месеци се обиделе да провалат токму во куќата во „Котсволдс“ каде што се наоѓаат во моментов.

Иако во тоа време никој не живеел на имотот, провалниците ги ловеа седум чувари и две кучиња, кои се таму за да го штитат имотот вреден шест милиони фунти.

Фото: принтскрин Јутјуб / Инстаграм

Останати вести од Радио Милева