Радио Милева

Бебето само што не пристигнало: Анастасија Богдановска покажа како изгледа во 9-от месец од бременоста (фото)

Бебето само што не пристигнало: Анастасија Богдановска покажа како изгледа во 9-от месец од бременоста (фото)
фото:анастасија богдановска/инстаграм/принтскрин

Новинарката и ТВ водителка Анастасија Богдановска или како што многумина ја познаваат како Деа, деновиве брои ситно до породувањето.

Изминатите месеци за неа беа едни од најубавите, но и предизвик, па затоа мама Деа несебично споделуваше со дамите што научила изминатите месеци од бременоста и промената на своето тело.

Моментално е во 38-та гестациска недела, остануваат само две, можеби ниедна или пак и повеќе, правила нема, но едно е сигурно, малата наследничка на мама Деа и тато Богдан секој миг може да биде во нивните раце и да им ги стопи срцата.

Облечена во широк фустан, држејќи го стомакот, убавата трудница блеска и во последните денови.
Со лесно!

Останати вести од Радио Милева