Радио Милева

Беа блиски пријателки, а сега Серена Вилијамс за Меган Маркл вели: „Никогаш не сум слушнала за неа, не ја познавам“ (видео)

Беа блиски пријателки, а сега Серена Вилијамс за Меган Маркл вели: „Никогаш не сум слушнала за неа, не ја познавам“ (видео)

Една од најуспешните тенисерки Серена Вилијамс која наедно е една од најблиските пријателки на Меган Маркл како да го изгубила сеќавањето или барем така сака да мисли кога е во прашање Меган.

Иако долги години се дружеа, Серена и сопругот беа и на кралската свадба, потоа на пред забавата за доаѓањето на кралското бебе Арчи, а пак Меган знаеше да ја гледа и бодри од трибините на тениските натпреври, пријателството изгледа пукнало.

фото:profimedia

Серена за време на видео-повик со Наоми Кембел, кој се пренесувал во живо, рекла дека никогаш не слушнала за Меган Маркл.

Наоми ја интересирало дали Серена е среќна што Меган со Хари и синот Арчи се пресели во Лос Анџелес, но не добила одговор.

„Не знам за што зборуваш, не знам ништо за тоа“, рекла Серена, обидувајќи се што побргу да го заврши тој разговор.

Кога Наоми продолжила да ја испрашува, Серена одговорила: „Никогаш не сум ја видела, никогаш не сум слушнала за неа, не ја познавам.“

Серена и нејзината сестра Венус учествувале во серијалот на Наоми, наречен „No Filter With Naomi“, кој го емитува на Јутјуб.

Останати вести од Радио Милева