Радио Милева

Барајќи фотки за предизвикот „10yearschallange“, Каролина Гочева сподели невидени фотографии со сопругот

Барајќи фотки за предизвикот „10yearschallange“, Каролина Гочева сподели невидени фотографии со сопругот

Деновиве на интернет кружи нова социјална игра односно предзвик “10yearschallange“ кој се однесува на корисниците да објават фотографија од пред 10 години и фотографија од нивниот изглед денес.

Многу луѓе го прифатија оваа нова игра на социјалните мрежи, а меѓу од нив и некои од познатите личности.

Меѓу нив Лила Филиповска, Тијана Дапчевиќ, Викторија Лоба, Татјана Стефановска….Некои од нив многу се промениле, некои се исти.

Македонското девојче Каролина Гочева исто така сакаше да го прифати овој предизвик, но очигледно во своите албуми не можела да најде фотографии од 2009 година, но затоа наиде на фотографии кои и пробудија спомени.

Имено, Каролина на својот „Инстаграм“ сподели неколку фотографии заедно со нејзиниот сопруг од пред една година.

„Барав фотки за #10yearchallenge ама најдов преубави спомени од лани ова време“ напиша Гочева во објавата.

За потсетување, Гочева во септември 2017 година се омажи за уметникот Михаил Корубин, а популарната пејачка не сака многу да зборува за својот приватен живот.

foto: instagram