Радио Милева
сменил(а) пол, но и професија

Балканската пророчица Клеопатра не само што некогаш била машко, туку пред да стане „видовита“ се обидела да се прослави и како фолк пејачка (ВИДЕО)

Балканската пророчица Клеопатра не само што некогаш била машко, туку пред да стане „видовита“ се обидела да се прослави и како фолк пејачка (ВИДЕО)

За неа се вели дека е дна од најкоментираните, најконтроверзните и најневообичаени личности на 20-иот век, личноста која одбележа една епоха со својот ексцентричен изглед и егоцентрично однесување. Муза на лековерните и несреќните луѓе во 90-тите, секако беше самопрогласената „кралица меѓу пророците“, Душица Илиќ, попозната како „видовитата“  Клеопатра.

Пред да ги насочи своите таленти кон видовитоста и да им се нуди да им помогне на луѓето со своите „натприродни психички способности“, Клеопатра ќе се обиде да се пробие како фолк пејачка. Запаметено е нејзиното интервју од саемот во Рума, каде пеела кај газда Паја Кифлица.

„Јас сум пејачка која, велат луѓето, ја возбуди естрадната јавност, иако не гледам зошто. Луѓето ме сакаат и ме бараат, особено приватните угостители. Ајде да го оставиме  сега тоа, ајде да разговараме малку за љубовта. Јас сум слободна девојка, моментално пеам во Рума, кај почитуваниот угостител Паја – Кифлица, па кој сака – нека повели, пеам цел јуни. Што се однесува до сексот и љубовта, сакам секс зошто да не, но, сепак сум невина“ – изјави тогаш Клеопатра.

Долго време се шпекулираше дека самопрогласената пророчица првично била машко, па извршила хируршки зафат за промена на полот. Очигледно, Клеопатра претрпела неколку естетски корекции, а колку се сменила, проценете сами.

Бидејќи не успеа како пејачка, Клеопатра премина на царството на пророштвата, во времето кога тој бизнис цветаше на ТВ екраните во 90-тите години на минатиот век.

Во последните неколку години, Клеопатра ретко се појавуваше во јавноста, но минатата година беше снимена во едно кафуле. Денес изгледа речиси непрепознатливо.

 

Останати вести од Радио Милева