Радио Милева

Бали бег во големи проблеми: Криминалци му се закануваат со киднапирање на синот поради вила која ја купил

Бали бег во големи проблеми: Криминалци му се закануваат со киднапирање на синот поради вила која ја купил

Турскиот актер Бурак Озџивит, познат по улогата на Бали бег, има проблеми со криминалци поради луксузната вила која ја капарисал во близина на Истанбул.

Покрај актерот, за вилата бил заинтересиран и еден човек од криминалното подземје, а бидејќи Бурак бил првиот кој дал капар имал предност при купувањето на имотот вреден околу 2,5 милиони евра.

-Проблемот настана кога Бурак дозна дека уште некој е заинтересиран за тој имот и цената не му е важна. Бидејќи тој даде капар, вториот купувач остана без куќа. Набрзо се дозна дека другиот заинтересиран е припадник на криминалното подземје и не му се допаѓаше што остана без вилата која по секоја цена сакаше да ја има, вели изворот.

Кога криминалците наводно му заканиле дека ќе му го киднапираат синот, Бурак ги контактирал надлежните служби и изнајмил телохранители поради безбедноста на детето.

извор: Курир.мк