Радио Милева

Баба Јулија гордо се пофали со внуката која наполни 21 година (фото)

Баба Јулија гордо се пофали со внуката која наполни 21 година (фото)
фото:јулија мациевска/фејсбук

За ТВ водителката и пејачка Јилија Мациевска, широката насмевка, ведриот дух и позитивната енергија се нејзиниот заштитен знак.

Медиумите многупати знаат да ја пофалат за нејзинот изглед, а особено за тоа што во шестата деценија од животот, таа не ги пропушта тренинзите во теретана и го негува телото и младешкиот дух.

Јулија е активен корисник на социјалните мрежи и воопшто не е резервирана за откривање детали од приватноста. Овој пат, беше особено горда на својата внука од ќерка, убавата Стефанија која наполни 21 година, а баба мораше да се пофали со својата принцеза за која напиша:

фото:јулија мациевска/фејсбук

-Пред 21 година, на 24 мај , на Св. Кирил и Методиј се роди нашето сонце, нашата принцеза Стефанија, која со своето доаѓање на свет ни го промени животот. Внесе светлина, радост, љубов, внесе живот во нашите животи. Внесе предизник на кој се радуваме, од кој учиме, се надеваме, веруваме. Понекогаш и по малку се караме, ха ха, но и тоа е за наше заедничко најголемо добро, зашто така растат децата и ние со нив, напиша Јулија инспирирана од љубовта кон внуката.

фото:јулија мациевска/фејсбук

фото:јулија мациевска/фејсбук

По објавата на баба, славеничката доби многу честитки, па се заблагодарија  и објавија уште неколку заеднички фотографии.

Останати вести од Радио Милева