Радио Милева

Антонио Бандерас по два пропаднати брака среќата ја најде со 20 години помлада убавица (фото)

Антонио Бандерас по два пропаднати брака среќата ја најде со 20 години помлада убавица (фото)
фото:инсатграм

Познатиот холивудски актер, Антонио Бандерас (58), кој се уште краде воздишки на многу жени во светот, уште еднаш покажа каква убавица го освои неговото срце.

Никол Кимпел (38), по потекло од Холандија, е 20 години помлада од холивудскиот актер, а воодушевија на црвениот килим на настанот во Малага. На нивните лицае очигледни беа среќата и љубовта.

Бандерас првпат се оженил во 1986 година, а бракот со Ана Лезо траеше десет години. По разводот, шпанската ѕвезда се вљуби и наскоро се ожени со колешката и актерка Мелани Грифит. Двојката, исто така, ја доби и својата ќерка, Стела де Кармен Бандеру.

Иако важеа за една од најдолгите и најсреќните холивудски двојки, во 2014 година дојде до крај на нивната љубов.

Двојката објави соопштение за печатот во кое се вели дека се разделуваат, но остануваат пријатели и големи сојузници до крајот на нивниот живот.

Официјалната причина за разводот била познатата “непоправливи разлики”, синтагма која многу познати двојки ги користат за да ги пребришат вистинските причини за брачните проблеми. По речиси 19 години брак, Мелани и Бандерас веќе не ги красат црвените килими заедно.

На крајот, Бандерас повторно се вљуби и тоа во помлада девојка, а врската ја започна во 2014 година, кратко време по разводот.

Никол е честа придружба на нејзиното познато момче на црвениот клим, а чести се и нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи.

фото:инсатграм

Останати вести од Радио Милева