Радио Милева

Антонио Бандерас непрепознатлив пред својата вила во Шпанија (фото)

Антонио Бандерас непрепознатлив пред својата вила во Шпанија (фото)
фото: тањуг/ап

Легандарниот шпански актер Антонио Бандерас бил фотографиран додека џогирал за време на пандемијата со коронавирусот.

Актерот изгледа непрепознатливо бидејќи долга коса и брада, а лицето го криел со качкет.

Антонио во таа прилика носел црвен “шушкавец”, црна тренирка и црвени патики додека на главата имал качкет на кој пишувало “AB” односно неговите иницијали.

фото: мега агенси/профимедиа

Бандерас отишол да џогира откако шпанските власти ги ублажиле забраните поради коронавирусот. Имено, шпанските власти дозволиле возрасните да шетаат или да се занимаваат со спорт помеѓу 6 и 10 часот наутро и 20 и 23 часот навечер.

фото: Профимедиа

Актерот се изолирал во својата вила во Марбеја со девојката, каде претходните два месеци за време на кризата со Ковид-19 ги поминале во градината со поглед кон океанот.

Останати вести од Радио Милева