Радио Милева

Антониа Гиговска во Скопје се запозна со Луна Џогани, па откри што мисли за неа – ја прокоментира и Киа Коцкар

Антониа Гиговска во Скопје се запозна со Луна Џогани, па откри што мисли за неа – ја прокоментира и Киа Коцкар
фото: Принсткин/инстаграм/антониагиговска

Антониа Гиговска оваа година само реди успеси на професионален план.

Имено, таа беше дел од регионалното музичкко „Пинкови ѕвездички – all stars“ каде што го воодушеви жирито и публиката.

Исто така беше и придружен вокал на македонската евровизиска претставничка Тамара Тодевска.

И периодов Антониа продолжува со своите професионални активности.

Имено, победничката на „Задруга 2“, Луна Џогани деновиве беше во Скопје, во студиото на Дарко Димитров каде што ја снимаше својата прва песна.

По тој повод Гиговска се сретна со Луна и беше придружен вокал на нејзината нова песна.

Во интервју за „nemazabranjenih.rs“, Гиговска откри како изгледала средбата и откри што мисли за Луна.

„Супер е. Се запознаваме. Седевме и разговаравме. Таа е екстра.Песната ќе биде супер. Можам да кажам дека ќе биде хит, многу добро звучи. Дарко Димитров одлично си ја заврши работата. И направи добра песна“  вели Антониа за порталот.

фото: Притнскрин/инстаграм/антониагиговска

Бидејќи Антониа оваа година беше придружен вокал на Тамара, таа откри колку се разликува пеењето меѓу Тодевска и Џогани.

„Секако дека постои разлика меѓу Луна и Тамара. Тамара е изградена пејачка, а Луна не е вистинска пејачка, таа е реалити ѕвезда. Таа е победничка на „Задруга“. Јас не го ни гледам тоа. Постојат луѓе кои ја подржуваат и јас немам проблем со тоа. Има разлика во музичките способносити меѓу Луна и Тамара, а секој може да работи во студио, барем ако знае малку да пее. Луна е супер девојка. Ние убаво соработувавме. Јас и ги отпејав придружните вокали и не разбирам што се толку зборува за тоа. Јас сум само професионалец и тоа е само моја работа. На Луна и посакувам светска кариера и многу успеси“ вели Гиговска.

фото: Принтскрин/инстаграм/антониагиговска

Антониа откри и што мисли за Киа Коцкар, победничката на првата сезона на „Задруга“.

„Што се однесува до Киа Коцкар, таа ми е драга и немам ништо лошо да кажам за неа. Тоа е моја работа, а со задоволство ќе и ги пеам и придружните вокали. Немам ништо против Луна, ни против Киа. Јас тоа не го гледам така. Тоа е моја работа и јас професионално си ја работам работата.  И секако дека многу ја сакам Киа, а тоа што се случуваше во „Задруга“ не ме интеренсира“, вели Гиговска.

фото: Принтскрин/јутуб

Исто така во приказните на „Инстаграм“ ја праша Антониа дали се чувствува повредено поради негативните коментари што снимила за Луна, пејачката вели дека не се чувстува повредено бидејќи само професиоално работи.

Џогани на профилот на „Инстаграм“ објави фотографија со македонското девојче, а во описот на објавата напиша:

„Ја гледав во Задруга и уживав во нејзиниот глас, а денес мој придружен вокал во мојата прва песна. Ти благодарам многу драга, ме воодушеви. Ти посакувам многу среќа“ напиша Луна под заедничката фотографија.

фото: Принтскрин/инстаграм/лунаџогани

За потсетување, Коцкар во регионалното музичко шоу често и даваше пофалби на Гиговска истакнувајќи дека таа е формиран пејач  и дека нема потреба да се натпреварува.

Останати вести од Радио Милева