Радио Милева

Антониа Гиговска се огласи по обвинувањата дека ја отпеала песната на Луна Ѓогани: „Бог знае, јас само ја кажувам вистината“

Антониа Гиговска се огласи по обвинувањата дека ја отпеала песната на Луна Ѓогани: „Бог знае, јас само ја кажувам вистината“
фото: инстаграм

Победничката на втората сезона на „Задргуа 3“, Луна Ѓогани по излегувањето од реалното шоу се обиде да гради музичка кариера и да ги покаже своите вокални способности.

Имено, таа дојде во студиото на Дарко Димитров каде што снимаше неколку песни, а за песната „Девети круг“  придружните вокали ги отпеја Антониа Гиговска.

Уште тогаш почнаа нагодувања дека Луна не знае да пее и дека целата песна ја пее Гиговска, а не Ѓогани. По тој повод тогаш се огласи и македонската пејачка која ги демантираше овие пишувања.

Луна продолжи со кариерата и започна со настапи низ Македонија, а притоа се појавија тврдења дека пее на плејбек и дека не знае да пее.

Меѓутоа, Задруга не би била Задруга без Луна Ѓогани. Па, тазе пејачката, реалити ѕвездата повторно е во реалното шоу и тоа со нејзината мајка Анабела, татко и Ѓоле, како и нејзиното момче Марко Миљковиќ.

Деновиве, освен коронавирусот, семејството Ѓогани е главна тема во српските медиуми. Во „Задруга 3“ тие ги откриваат семејните тајни со кои ја шокираа јавноста.

Меѓутоа, сношти Луна жестоко се скара со Миќа кој повторно ги подгреа приказните дека Ѓогани не ги пее своите песни.

фото: принтскрин/пинк.

„Што е Миќо? Кој е проблемот? Една година ме уништуваш. Што зборуваше за мене дека песната ми ја пее Антониа Гиговска“ изјави Луна.

„Тужи ме, ајде тужи ме. Да, песната на Луна ја пееше девојката од „Пинкови ѕвезди“ …да, да, таа ја пееше таа песна. Кој е проблемот? Малата Антониа ја пееше таа песна затоа што ти не знаеш да пееш“ вели Миќа.

фото: принтскрин/јутуб

„Точно, јас не ги пеев своите песни. Ги пееше Киа Коцкар бидејќи таа топ пее, а Слоба ги пееше придружните вокали“ вели Луна.

По тој повод, Гиговска се огласи на својот „Инстаграм“ профил и ја откри својата својата страна на вистина.

„Не гледам „Задруга“ и не ме интеренсира што се случува, не сум на ничија страна, но сакам за првпат да прокоментирам. Кога ги отпеав придружните вокали на оваа девојка за нејзината прва песна „Девети круг“ која ја правеше мојот колега Дарко Димитров, прво бев шокирана колку фановите на Кија ја мразат Луна и колку фановите на Луна ја мразат Киа. Но, тоа што девојката сакаше нешто да направи за себе, за својата кариера, тоа е нејзина работа. Ова ми е љубов, работа. Јас бирам со кого ќе соработувам затоа што не постои човек кој го мразам или со кого не сакам да соработувам. Не ги гледам луѓето кои се, дали нешто направиле или дали на нив им направиле нешто. Луна ја отпеја „Девети круг“, а тоа што јас го пеам се вика „DUPLEX“, за оние кои не знаат да објаснам. „DUPLEX“ се пее за да песната изгледа пополнета отколку што е, се пее на рефренот и тоа е тоа. Песната „Девети круг“ е одлична песна, а тоа не значи дека Луна не знае да пее. Ако земеме во предвид дека ја правеше Дарко таа секако ќе звучи убаво без разлика дали Луна знае да пее или не. Голем поздрав до Луна и Анабела, колку што успеав да ги запознам мислам дека се добри луѓе. Мене не ми наштетија. Ако некој лошо зборува за мене, Бог ќе им суди. Нека заврши ова, оставете ги луѓето на мира.

Бог знае, јас само ја зборувам вистината“ напиша Гиговска во соопштението на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

1 . Ne gledam “Zadrugu”ne zanima me sta se desavalo unutra,ne zauzimam niciju stranu,ali hocu za prvi put da prokomentarisem.Kada sam ja otpevala prateci ovoj devojci na njenu prvu pesmu “Deveti krug” koju je radio moj kolega,drug, @darkodimitrov prvo sam bila šokirana koliko od vas Kijini fanovi mrzite Lunu, a koliko od vas Lunini fanovi mrzite Kiju.Ali to sto je devojka htela da uradi nesto sa sobom,sa njenom karierom to je njena stvar.To sto sam ja otpevala prateci to je isto moja stvar.Meni je ovo ljubav,posao.Ja u 98,5% biram skim cu da radim,jer ne postoji covek koga ja mrzim ili skim necu da radim.Ne gledam ljude po tim sta su i koga su nesto napravili ili dali su oni napravili,ne zanima me.Luna je otpevala “Deveti krug” a to sto ja pevam osim pratece zove se “DUPLEX” za oni koji neznaju da objasnim… Kada se peva “DUPLEX” peva se da bi pesma izgledala punija nego sto jeste,peva se na refrenu i to je to.Pesma “Deveti krug” je vrhunska pesma,ali to ne znaci da Luna ne zna da peva,zatim ako uzmemo da je na to radio @darkodimitrov onda ce to svakako zvuciti najbolje na svetu koliko god ona znala da peva ili ne. Veliki pozdrav do @luna_djogani i @anabelci koliko sam ih ja upoznala mislim da su dobri i prijatni ljudi.Meni nisu naneli zlo.Ja volim ljude,ali ne volim ljude koji ne vole ljude.Ako je neko pricao lose o meni,bog ce da im sudi. Neka sve ovo prestane,pustite ljude na miru. Bog zna. Ja samo pricam istinu.

A post shared by Antonia Gigovska (@antoniagigovskaa) on