Радио Милева

Антониа Гиговска отворено за љубовта со Иван: „Многу од моите блиски не ја прифаќаа врската“

Антониа Гиговска отворено за љубовта со Иван: „Многу од моите блиски не ја прифаќаа врската“
фото:антоиа гиговска/принтскрин/инстаграм

На младата пејачка Антониа Гиговска и нејзиното момче, пејачот Иван Јованов, им требаше некое време додека се ослободија пред јавноста да ја откријат нивната љубовна врска.

Откако се случи тоа пак, постојано ги гледаме заедно на социјалните мрежи, интрвјуа во медиумите, фотосесии и сл.

Овој оат Антониа во интервју за порталот „Точка“ отворено проговори за проблемите кои ги имале на почетокот поради разликата во годините.

Иако се вели дека годините немаат никаква врска со љубовта, оваа двојка која е со возрасна разлика од 10 години, односно Иван е постариот, имала проблеми кои се бореле да ги надминат:

фото:антоиа гиговска/принтскрин/инстаграм

-Сме имале многу проблеми на почетокот, да, многу од моите блиски не ја прифаќаа врската со Иван, но ништо од тоа не можело да влијае врз нас, вели Антониа и додава дека се борела за она што го сака и го следела своето срце.

-Сигурно многу од вас се борат за она што го сакаат, па така и јас се борев докрај и секогаш ќе се борам за сите мои блиски. Не се ограничувајте, следете си го срцето, правете го тоа што вас ве прави среќни, вели Антониа за „Точка“.

За потсетување, Антониа и Иван неодамна направија интересна модна фотосесија која ја објавија на социјалните мрежи.

Останати вести од Радио Милева