Радио Милева

Антониа Гиговска на последниот настап во „Пинк ѕвездички“ носеше детаљ посветен на нејзиното момче (фото)

Антониа Гиговска на последниот настап во „Пинк ѕвездички“ носеше детаљ посветен на нејзиното момче (фото)
фото:принтскрин/јутјуб

За последниот настап во „Пинк ѕвездички- all stars“ на нашата талентирана и млада пејачка Антониа Гиговска, пишуваа сите медиуми во регионот.

Со франсуската балада насловена „Те сакам“, Антониа по којзнае кој пат ги освои симпатиите на публиката и жирито и секако влезе во финалето како една од најдобрите учесници на шоуто.

фото:принтскрин/алфатв

Иако и се случи незгода на сцената и се сруши додека пееше, Антониа како вистински професионалец достоинствено го продолжи настапот со шарм како ништо да не се случило.

фото:принтскрин/јутјуб

Иако тоа не ја фрли во сенка нејзината вокална интерпретација, сепак насловите за незгодата не изостанаа. Она што остана незабележано е дека како надополнување на темата од љубовната песна, Антониа на себе носеше посебен детаљ, веројатно посветен на нејзиното момче Иван.

фото:инстаграм/антониагиговска

Имено, станува збор за ѓерданче на кое стоеја буквите „И“, „Ј“, „А“. Односно иницијалните И.Ј (Иван Јованов), додека „А“, веројатно се однесуваше на првата буква од нејзиното име.

фото:инсатграмантониагиговска

Инаку, Антониа и Иван неодамна ја открија својата љубов пред јавноста, но пејачката во една прилика ја потврди врската, но не би сакала да открива повеќе кога приватноста е во прашање.

Останати вести од Радио Милева