Радио Милева
згреши, ама „не изгоре“

Антониа Гиговска беше маестрална во „Пинк ѕвездички – all stars“: Има петка за пеење, но единица по литература (видео)

Антониа Гиговска беше маестрална во „Пинк ѕвездички – all stars“: Има петка за пеење, но единица по литература (видео)
фото:принтскрин/јутјуб,пинк ѕвездички

Нашата малда и талентирана пејачка и учесничка во регионалното музичко шоу „Пинк ѕвездички – all stars“, Антониа Гиговска, беше маестрална во изведбата на песната „Ако згрешам нека изгорам“.

Антониа со својот глас не само што ја воодушеви публиката во студиото, гледачите пред ТВ екраните, туку ги доби и сите пет гласови од жирито на шоуто. Секој од судиите имаше  да каже тон пофалби за нејзиното пеење, од тоа како го контролира вокалот, колку е точна во интонацијата и како ги пее високите тонови.

Генерално, нашата претставничка во овој музички натпревар доби петка за пеење, однесување на сцената и за изгледот, но во една работа потфрли, а не забележа ниту жирито бидејќи оправдано, македонскиот јазик не им е силна страна.

фото:принтскрин/јутјуб,пинк ѕвездички

Имено, Гоца Тржан побара од Антониа да и го појасни текстот на песната „Ако згрешам нека изгорам“, а нејасно и беше што значат зборовите ридови и кораби.

фото:принтскрин/јутјуб,пинк ѕвездички

Значењето на ридовите горе-долу го погоди, ама нашата ѕвездичка очигледно на часот по литература пропуштила да научи дека кораби не се планини, туку бродови со платна.

Во текстот на песната се вели: „Еј, кораби назад пловете…“, а според одговорот на Антониа, кораби беа планини, а планините не пловат, нели?

Сепак, критиката е здрава работа, а веруваме дека ова Антониа позитивно ќе го прифати, бидејќи сцената секогаш бара многу повеќе од одлично пеење и изглед. Но, таа е млада, а овие грешки кои не се сомневаме дека ќе ги поправи, за неа овој пат, ајде, нека бидат оправдани.

Нејзиниот настап и коментарите од жирито можете да ги погледнете од видеото во продолжение на 1:31:19