Радио Милева
уметничко дело на голо тело

Ани – „Црна мачка“ се пофали со новата тетоважа: Стриптизетата ја подигна маичката, па покажа дека е тетовирана од ребрата до… под гаќичките! (ФОТО)

Ани – „Црна мачка“ се пофали со новата тетоважа: Стриптизетата ја подигна маичката, па покажа дека е тетовирана од ребрата до… под гаќичките! (ФОТО)

Танчарка, фото модел, менаџер за продажба во секс шоп… сепак Ани Георгиева е најпозната како стриптизета која настапува под уметничкото име Црна Мачка… Една од ретките Македонки која јавно, со име и презиме ја прифати „скокотливата“ професија, од која многу други јавно бегаат, а кришум би сакале во истата да уживаат.

Статистиките велат за време на корона пандемијата продажбата на секси помагала, рапидно пораснала. Или народски кажано, играчките за возрасни одат како алва. А кога нешто добро се продава и оној што го продава вреди да биде награден, со поголема плата секако, а како ќе гио троши вишокот пари, секој сам си знае.

Така, Ани реши  своето веќе „исшарано тело“  со дел од заработката да го награди  со уште еден украс, па новата џиновска тетоважа „слета“ на телото на  најпознатата македонска стриптизета!

Иако се’ уште до крај не завршена, „Црна мачка“ реши да ја покаже и со неа да се пофали, па легна „на работното место“ и се разголи… Најпрвин чисто онака, за одблизу да се види сработеното уметничко дело на нејзиното тело, што го прават вештите раце на тату мајсторот. Ани испружена на леопардовата софа, ја подигна маичката, па покажа дека е тетовирана од ребрата до… под гаќичките! Нагласувајќи дека новата уметноста на нејзиното тело, се уште е во прогрес.

Во меѓувреме, стриптизетата не можеше да одолее и да чека тату уметникот да го заврши започнатото, па откако заврши со уживањето под топлите млазеви на тушот, „Црна мачка“ реши да го покаже тонусот сосе новата тетоважа во вистинско светло.

Онаква, каква што најдобро ја знаеме, соблечена во црвена секси долна облека и најлон чорапи од тантела, Ани клекната на колена во свој стил го покажа сиот свој раскош и сексапил.

А новата тетоважа? Видовме само каде започнува и до каде оди, но каде е нејзиниот крај…?

Можеби набргу, во следната фотосесија, кога „Црна маца“ ќе се покаже сосема гола, во сиот свој сјај!

 

Останати вести од Радио Милева