Радио Милева

Анета Молика се пофали за што има талент нејзината ќерка: „Кој си знае, си знае“ (фото)

Анета Молика се пофали за што има талент нејзината ќерка: „Кој си знае, си знае“ (фото)
фото: Инстаграм

Македонската пејачка Анета Мицевска или позната како Анета Молика повеќе од 16 години е во брак со Џими од групата „Молика“, а од бракот заедно ја имаат ќерка Моника.

Моника има талент за пеење, меѓутоа студира стоматологија и тоа сака да биде нејзината идна професија. Меѓутоа, освен талент за пеење изгледа дека ќерката на Анета има талент за готвење и тоа за палачинки.

фото: принтскрин/инстаграм

Имено, Анета во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија како нејзината готви, а во описот на истата напиша:

„Кој си знај, си знај“ и јавно и поласка на својата ќерка дека има талент за готвење.

фото: принтскрин/инстаграм

Дали Моника има талент само за готвење на палачинки, или пак знае да направи уште некој специјалитет, не знаеме, но според приложеното може да претпоставиме дека палачинките биле вкусни.

Инаку, Анета во една прилика исткана дека не е лесно да се биде и професионалец и музичар.

„Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва.  Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника.  За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.

фото: Инстаграм

Иако, не е лесно да се балансираат професионалните и приватните обврски, веруваме дека Анета и Моника го користат секој момент да уживаат заедно и да го негуваат нивниот однос како мајка – ќерка.

Останати вести од Радио Милева