Радио Милева

Анета Молика ретко открива приватни детали, но сега не издража да не пофали што се слави во нејзиниот дом

Анета Молика ретко открива приватни детали, но сега не издража да не пофали што се слави во нејзиниот дом
фото: Принтскрин/инстаграм/анетамолика

Анета Мицевска или Анета Молика не е од оние корисници кои висат на социјалните мрежи и често да објавува постови од својот живот.

Таа најчесто знае да сподели кога нешто е поврзано со музиката или со нејзините музички ангажмани.

Изминатиот период бидејќи нема настапи поради короната, Анета го искористи слободното време за физички активности и да се стави на режим според програма на нутриционист.

Меѓутоа, деновиве, во домот на пејачката имаше убав повод за славење за кој не издржа  да не се пофали на социјалните мрежи.

Имено, нејзината ќерка Моника наполни 18 години. По тој повод, Анета и се обрати на „Инстаграм стори“.

„Ти си мое се’ и затоа ти посакувам се најдобро во животот. Патот кон среќата секогаш да ти биде чист како солза и знај дека има некој покрај тебе. Среќна 18-ка најмила моја“, напиша пејачката.

фото: Принтскрин/инстаграм/анетамолика

Среќен роденден и честито полнолество.

Останати вести од Радио Милева