Радио Милева

Aнета Молика никој не ја номинираше за фото од деството, па таа сама покажа како изгледала како дете (фото)

Aнета Молика никој не ја номинираше за фото од деството, па таа сама покажа како изгледала како дете (фото)
фото: инстаграм

Коронавирусот ни стави кочница на секојдневниот живот, обврски, навики, а на јавните личности им ги одложи професионалните обврски, концерти, настапи, снимиња…..

Поради заштита од „Ковид 19“  речиси цела естрада се наоѓа во изолација во своите домови и уживаат во работите за кои можеби  претходно немале многу време да ги прават.

Ако си помисливте дека дома им е досадно и нема што да прават се лажете, тие често се активни на социјалните мрежи и споделуваат како го поминуваат времето.

Освен тоа, направија еден куп предизвици, како што се фотографии од детство, шутирање на тоалет, готвење, пеење, објавување на фотографии со маски….дека има што да се прави, има што да се прави.

Многу од јавните личности се приклучија кон предизвикот да објават фотографија од детството и тие ја прифатија ова нова игра на социјалните мрежи, па пребараа по своите албуми и извадија фотографии од архива, а кога некој ќе сподели фотка од детството, по правило треба да номинира други да го направат истото.

Меѓутоа, никој не ја номинираше Анета Мицевска Молика затоа таа го искористи слободно време да пребарува низ стари спомени и фотографии, а меѓу нив и фотографија кога била маала.

Анета во кратките приказни на „Инстаграм“ објави како изгледала на неколку години, а во описот напиша

„Мене никој не ме номинираше, сама ќе си ставам слика“ се пошегува пејачката.

фото: инстаграм/молика

На фотографијата таа изгледа е преслатка, а кој е следниот предизвик кој ќе го измислат останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева