Радио Милева
„Изненаѓени и увреѓени“

Анета и „Молика“ ја нападнаа МРТ и жирито зашто тие годинава не заминале на Евровизија: Кој ли те тебе прелажа?

Анета и „Молика“ ја нападнаа МРТ и жирито зашто тие годинава не заминале на Евровизија: Кој ли те тебе прелажа?

Македонскиот избор за наш претставник на Песна на Евровизија во Лисабон помина. Изборот на стручното жири кое го состави МРТ  од речиси 400 пристигнати песни на конкурсот ја одбра групата „Ај Кју“ со песната на нивниот лидер Бојан Трајковски, насловена „Lost and found“.

И како по обичај иако песната се’ уште никој не ја ни слушнал, почанаа задкулисните игри и чаршиските муабети. најмногу на социјалните мрежи се разбира, ама и на некои од медиумите кои имаат „блиски релации“ со оние кои беа кандидати или имаа свои песни на конкурсот. Уште со недели па и месеци пред домашниот избор, односно пред конкурсот воопшто и да биде распишан, почнаа шпекулациите во јавноста за тоа кој годинава ќе ја претставува Македонија на Евровизија. Лобирањата и ПР-от по медиумите и социјалните мрежи секако дека е дозволен, ама кога претпоставките ќе станат „потврдени информации од сигурен извор“, а на крај домашниот есап и желбите нема да се поклопат со есапот на пазар, настанува општа какофонија.

Ѕвездите на кои наводно „им било ветено“ дека сигурно ќе пеат на Евровизија, а ниту самите не знаат кој тоа им ветил, а и да знаат, требале уште претходно да знаат од кого примаат ветувања, наеднаш се наоѓаат „во небрано“… „Изненаѓени и увреѓени“, зашто некој, замислете не си стоел на зборот. А зборот никој и не им го ни дал… Или ги излажал! Трето нема!

Меѓу „несудените“ годинешни македонски евровизиски претставници во Лисабон и фолкерката Анета Мицевска со нејзината група „Молика“. беа од оние за кои наголемо се тврдеше во кулоарите, аи се пишуваше по порталите дека се „сигурни патници“ за Португалија! Арно ама, откако шпекулациите се покажаа како невистинити, фолк ѕвездата и нејзината група со полна уста горчина… Ама и со „дрвја и камења“ по МРТ, која доколку решила годинава да има конкурс, а имаше, ама баш никако не можела да им вети сигурна победа! Или битолските фолкери некој ги „мамел“ или тие „загризале погрешна јадица“, па сега националниот сервис и членовите на жирито им се виновни за она што не го добиле, а на што се надевале! Кој им дал, ако воопшто им дал  лажна надеж, само тие си знаат… А ако веќе знаат, редно е да го кажат… по име и презиме!

Како и да е еве на што и кого се „кивни“ битолските фолкери и нивната пејачка. Деновиве на порталот „Естрада Плус“ се појави напис со наслов: „Анета и Молика жалат што го погазија зборот во поглед на евровизискиот настап“! Еве што интегрално пишува во него:

„Никогаш повеќе нема да учевствувам или да се појавам на било каков избор , евровизиски или фестивалски кој е во организација на Македонската телевизија, и жалам што си го погазив зборот и јас и моите колеги одгрупата Молика“ – истакна Анета Мицевска која годинава заедно со групата Молика беа едни од потенцијалните претставувачи на нашата земја на Евровизија. Таа изразува огромно каење за сето тоа и додава дека нема никогаш повеќе да се случи.

„Не знам ни јас самата што се случи, меѓутоа едно знам дека многу ми е жал што си го погазив зборот и јас и моите колеги од групата Молика. Кажавме дека никогаш повеќе нема да да учевствуваме на било каков настан, било каков фестивал во организација на МТВ, меѓутоа ете бидна што бидна, јас се каам за тоа и повеќе никогаш. Ова беше последно. Никогаш повеќе нема да учевствувам или да се појавам на такво нешто, бидејќи има некој друг што не е компетентен и ќе го оценува моето пеење и тука е мојата публика луѓето од надвор. Така да, ние ќе учевствуваме секаде каде што ме почитуваат и каде што го ценат моето пеење“ – истакна Анета при гостувањето во еден национален медиум.

 

Според неа и покрај големата поддршка кој ја имале, најповеќе од нивните фанови на социјалните мрежи од тука произлегла идејата да влезат во овој избор. Таа додава дека сето тоа е нефер и нерегуларно кон неа, но како колеги на групата “Ај Кју” им посакува премногу среќа на нивниот настап во Лисабон. Нашата кариера продолжува и понатака, ова беше прв и последен пат за ваков евровизиски настап, децидно истакна Анета.

Чудно но вистинито, ако е воопшто така. До душа, кој губи има право да се лути, но на вистинска адреса. Онаа по која Анета и Молика сега плукаат, како што се МРТ и нивното стручно жири кое пак наместо нив и нивната песна ги избра „Ај Кју“ за на Евровизија, секако дека не заслужиле без ниту еден аргумент да бидат омаловажувани. Ако веќе некој им гарантирал учество, тој некој секако дека има и име и презиме. И веројатно „дебела“ причина тоа да го направи! Ако е така, време е да „измамата“ да се лоцира! Вака, само џабе „лаење“… од пусто незнаење!