Радио Милева

Анџелина Џоли на 45 години позираше гола за насловна страница (фото)

Анџелина Џоли на 45 години позираше гола за насловна страница (фото)
фото: профимедиа

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли по неколку години медиумска пауза повторно почна да се појавува на црвениот килим и да дава интервјуа.

Џоли овој пат ја изненади публиката со еротскиот едиторијал за магазинот “Harper’s Bazaar”.

фото: Инстаграм/харперсбазаарус

Убавата актерка позираше за насловната страница на декемврискиот број на овој магазин, а во интервју за истиот открива како се справува со последиците по разводот со Бред Пит.

Сè уште не се објавени сите фотографии, но имаме можност да погледнеме некои од нив па и оние на кои Анџелина позирала гола.

На една од фотографиите, актерката е целосно гола, прекриена само со проѕирен вел додека пак градите ги прекрила со рацете.

фото: инстаграм/харперсбазаарус

Има уште една провокативна фотографија  на која актерката позира во црн мрежаст комбинезон под кој носи само градник и гаќички.

фото: инстаграм/харпербазарус

Во самото интервју, Анџелина се опишува како немирна и дива во срцето, а исто така истакна дека многу ужива во различностите.

„Означување на луѓето и нивно ставање во одредена категорија не е слобода. Различноста е тоа што најмногу го ценам, во своето семејство и кај другите. Не сакам да живеам во свет во кој сите се исти и мислам дека тоа важи за сите оние кои го читаат ова. Сакам да запознам луѓе кои досега никогаш не сум ги сретнала и да научам работи кои не ги знам. Денес е предизвик да ги прифатиш разликите, а сепак да не се делиме или пак да не се вбројуваме во други луѓе“ – објаснила таа.

Славната актерка истакна во изминатитот период поминла низ многу работи.

„Животот носи многу промени. Понекогаш те боли, понекогаш гледаш како ги боли они кои ги сакаш и не можеш да бидеш слободен онолку колку твојот дух бара од тебе. Сега чувствувам дека крвата ми се враќа во телото“ вели Џоли.

Инаку, еден од највпечатливите коментари за нејзините нови фотографии е : „Оваа жена до смрт ќе биде бомба“.

Останати вести од Радио Милева