Радио Милева

Анџелина Џоли е во врска со другар на Бред Пит кој се уништи со пластични операции?

Анџелина Џоли е во врска со другар на Бред Пит кој се уништи со пластични операции?
фото: Профимедиа

Холивудската актерка Анџелина Џоли наводно е во врска со актерот Мики Рурк, пишува „New idea“.

Според пишувањата на овој таблоди, актерката е уловена како се бакнува со 23 години постариот актер.

Наводно,  таа сака да му се одмазди на поранешниот сопруг Бред Пит, кој неодамна својата веќе бивша девојка Никол Португалски ја однесе во дворецот во кој Анџелина и Бред го кажаа судбоносното „да“.

фото: Профимедиа

-Мики е постар од неа и, според мислењето на многумина, тој се уништи со пластични операции, па затоа не беше прав избор на Анџелина. Но, бидејќи повеќето актери од нејзината генерација се во брак или се во врска, таа мораше да продолжи понатаму – вели анонимен извор близок на актерката која била сведок на бакнежот.

фото: Профимедиа

– Иако Мики Рурк не е нејзин тип на човек, таа смета дека е добро за неа да му се одмазди на Бред – рече изворот и потсети дека Бред и Мики се пријатели со години, па оваа вест сигурно ќе го погоди Пит.

Актерката не се огласи по повод овие пишувања.

Останати вести од Радио Милева