Радио Милева
скромна

Андријана Јаневска славеше роденден, а имаше само една единствена желба (фото)

Андријана Јаневска славеше роденден, а имаше само една единствена желба (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/андријана јаневска

Роденденот е денот кој сите го чекаме цела година, а додека дуваме свеќички на роденденската торта си замислуваме желби за кои се надавеме дека ќе ни се исполнат.

Оваа година сите кои се навикнати да ги слават родендените со големи прослави, мораа да ги променат плановите поради коронавирусот.

Македонската пејачка Андријана Јаневска викендов на своја адреса доби еден куп честитки по повод нејзиниот роденден, а таа имаше само една единствена желба.

Имено, таа на Инстаграм им се заблагодари на сите кои испратија пораки и го честитаа роденденот, а и откри што сака да и се исполни.

-На овој роденден имам само една желба: Што побргу да помине пандемијата и догодина да пееме, свириме и шетаме како порано. Ви благодарам за прекрасните пораки, бидете живи и здрави!, напиша Јаневска покрај фотографијата.

фото: принтскрин/инстаграм/андријана јаневска

Се надеваме дека желбата на пејачката ќе се исполни и конечно коронавирусот ќе заврши,а ние ќе почнеме полека да се враќаме во нормала и да живееме без маски.

Останати вести од Радио Милева