Радио Милева

Андријана Јаневска го сретна пензионерот на легендарната „Вежбај, пи**а ти…“, а средбата не останала само на фото за спомен

Андријана Јаневска го сретна пензионерот на легендарната „Вежбај, пи**а ти…“, а средбата не останала само на фото за спомен
фото:инсатграм

Загреб стана се почеста дестинација што ја посетува пејачката и виолинистка Андријана Јаневска. Причината за посетите е професионална, а како што откри неодамна во медиумите, Јаневска работи на нова песна на хрватски јазик.

После повеќе од 20 години сосема случајно добив покана да снимам песна на хрватски јазик, потпишав договор со продукција од таму и веќе е снимено и видеото за првиот сингл. Имаме големи планови, но не можам да откријам се“, кажа пејачката во една прилика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrijana Janevska (@andrijana_janevska) on

Деновиве таа повторно е во Хрватска од каде на своите следбеници им прати поздрав преку социјалната мрежа Инстаграм. Но, најголемо внимание привлече нејзината фотографија со познатиот пензионер, дедо Тони за кого слушнаа сите откако во една анкета изјави: „Вежбај пи**а ти материна“.

Случајната средба Андријана ја овековечи со фотографија за спомен, а во описот напиша дека се изназбореле со „дида Тони“.

Дотеран, насмеан и секако расположен за фотографија, а секако најмногу за разговор со така убава дама.