Радио Милева

Андријана Јаневска позираше пред сопругот во бикини, а коментарот од Мијата ја остави во чудење! (фото)

Андријана Јаневска позираше пред сопругот во бикини, а коментарот од Мијата ја остави во чудење! (фото)
фото:инстаграм/андријана јаневска

Пејачката и виолинистка Андријана Јаневска како по некоја традиција, секое лето редовно објавува фотографии од дестинацијата на нејзиниот семеен летен одмор, но со фокус во нејзиното згодно тело.

Од ваква или таква перспектива, тоа што Јаневска е една од најзгодните познати мајки, не може да не се забележи.

фото:инстаграм/андријана јаневска

А кога нешто е убаво, вреди и да се види и покаже.

Овие топли летни денови, пејачката ужива на плажа во Охрид, а хедонизмот кон македонскиот бисер, им го покажа на следбениците на Инстаграм преку неколку фотографии кои ги направил нејзиниот сопруг – гитаристот Драган Гиновски- Гино.

фото:инстаграм/андријана јаневска

Најпрвин долгите нозе ги окри во куси панталончиња, потоа позираше до половина во вода, покрај брегот, во еден костим за капење, втор, трет…

фото:инстаграм/андријана јаневска

Андријана за приложеното ги собра сите пофалби за изгледот, а особено позитивно ја изненади коментарот на нејзината колешка Мијата која и порача:

-Со вакво тело не знам кој друг од естрадава може да се пофали! Напред сестро! Коментираше Мијата, додека Андријана остави „задчуден“ симбол.

фото:инстаграм/андријана јаневска

Мора да се признае дека иако е мајка на две дечиња, таа изгледа совршено особено нејзините долги и тенки нозе како на манекенка, а коментарот на Мијата „држи место“!

Останати вести од Радио Милева