Радио Милева
„Немам право да се мешам во нејзината среќа“

Aнастасија Ражнатовиќ првпат проговори за врската на Цеца со Богдан: „Тој може само да и го разубави животот“

Aнастасија Ражнатовиќ првпат проговори за врската на Цеца со Богдан: „Тој може само да и го разубави животот“
фото: Принтскрин/инстаграм/анастасија ражнатовиќ/ ртс

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ се појави на отварање на едно модно ателје, а сите веднаш ја забележале нејзината нова фризура.

Имено, таа откри дека се одлучила за промена поради снимањето на новите видео записи.

„Спотови и нови песни, ете една мала промена. Четири години сум во иста боја, па ете малку да се освежам. Ми годи промената, но тоа не значи дека нема да се вратам на старото на кое сум навикната“ изјави младата пејачка.

Анастасија и откри на што  е благодарна на нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ.

„Знае таа се, нема потреба ништо да и порачувам. Благодарна сум и на тоа што целиот свој живот го посвети на мене и брат ми“

фото: Принтскрин/инстаграм

Цеца ужива во својата врска со своето ново момче Богдан Срејовиќ, а сега Анастасија откри што мисли за партнерот на мајка си.

„Таа толку години се бореше сама, па мислам дека машката фигура не влијае на нејзината сила. Таа е силна жена, а тој може само да и го разубави животот“.

фото: Милош Надаждин/ хело србија

На прашањето дали се меша во изборот на партнерите на Цеца, Анастасија вели:

„Секако дека и значи нашето мислење, но мислам дека немам право да се мешам во нејзината среќа и да и бирам партнери. Она е таа која одлучува со кој ќе биде во врска. Јас не се прашувам, тука сум да ја подржам“, вели Ражнатовиќ.

Инаку, Богдан и Цеца се во неколкумесечна врска која беше обелоденена кога екипата на „Папарацо лов“ го улови парот во Белград.

Останати вести од Радио Милева