Радио Милева
медено чувство

Анастасија Деа Богдановска го имаше најмедениот месец во животот: „Се учиме, јас од тебе, ти од мене…“ (ФОТО)

Анастасија Деа Богдановска го имаше најмедениот месец во животот: „Се учиме, јас од тебе, ти од мене…“ (ФОТО)

Македонската водителка и новинарка Анастасија Деа Богданоска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски – „Бетмен“ неодамна за прв пат се остварија како родители, кога на свет дојде нивната ќеркичка, на која и дадоаможеби необично, но преубаво име – Дениција.

Но, вистинското мајчинство воопшто не е ленсна работа. Бара исклучителна посветеност, дузина обврски, грст грижи, море нежност, океан љубов, сето време на светот, безброј непроспиени ноќи…

Оној кој не бил родите, особено мајка за сефте, не знае како е. Но како и да е, колку и да е тешко и напорно, едно е сигурно: Тоа е најслатката обврска и грижа на светот.

 

Токму тоа ем го почувствува, ем го сподели како искуство кое трае и младата мајка, ТВ водителка и новинарка, која подеднакво ужива во слатките маки и благодетите на мајчинството со својата малечка Дениција веќе еден месец. Најслаткиот и најмеден месец во животот, кој секоја мајка посакува да биде вечност.

Токму затоа, Деа не можеше да го сокрие задоволството, па прекрасното чувство на искрено мајчинство, таа космичка љубов помеѓу мајката и нејзината прва рожба јавно ја сподели на социјалните мрежи, со една реченица објаснувајќи го тоа неописиво чувство на исконска радост и убавина.

Минувајќи ги последните летни денови крај еден од нашите езерски бисери Деа, не можеше да ги сокрие своите чувства.

„Е ова е меден месец. Медена моја…“ – напишала гордата и пресреќна мајка, споделувајќи ги заедничките фотографии со своето едномесечно чедо.

Човек учи додека е жив, а мајката за мајчинството паралелно додека се грижи за своето чедо… Како и тоа од неа, спознавајќи ги првите тајни на животот, првите предизвици  и опкружавењето, светот околу себе.

Деа тоа добро го знае, па додека ги запознава тајните на мајчинството, а Дениција од неа го црпи животното искуство, обете се надополнуваат додека се чуваат и разонодуваат.

Едната од другата, мајката од ќерката и обратно… Зашто животот е убав, а најубав кога имаш зошто и со кого во љубов да го живееш!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева