Радио Милева

Анастасија Богдановска на 50 дена по породувањето го облече истиот фустан и покажа како изгледа – ќеркичката наместо во стомакот, сега и е во рацете (фото)

Анастасија Богдановска на 50 дена по породувањето го облече истиот фустан и покажа како изгледа – ќеркичката наместо во стомакот, сега и е во рацете (фото)
фото:анастасија деа богдановска/инстаграм

Анастасија Богдановска пред месец и половина на свет го донесе своето прво дете, ќеркичката Дениција.

Убавата новинарка и ТВ водителка ги живее најубавите моменти со своето бебенце, иако овој период на заедничка адаптација и навикнување на промените се доста тешки, но слатки кога е тоа малечко суштество во прашање.

За време на бременоста Анастасија беше доста активна со споделување објави околу трудничките денови, а сега и во периодот од првите искуства со бебето.

Во една од поновите објави на социјалните мрежи таа вели дека особено се радува на фотографиите од пред и потоа.

Го облече истиот фустан во кој позираше во деветтиот месец од бременоста, застана на истото место, но овој пат позираше со Дениција во рацете.

-240 дена во vs 50 дена надвор, напиша во описот.

фото:фејсбук/анастасија деа бограновска/фејсбук

Фотографиите добија неколку стотици лајкови, но и коментари дека Деа како што многумина ја нарекуваат, е згодна мама во постпартум периодот.

Останати вести од Радио Милева