Радио Милева
кога ја љубев дениција

Анастасија Богданоска и Богдан Илиевски станаа родители: Од љубовта на Деа и Бетмен се роди… Дениција!

Анастасија Богданоска и Богдан Илиевски станаа родители: Од љубовта на Деа и Бетмен се роди… Дениција!

Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот….

Токму со стиховите од легендарната и можеби најпознатата македонска поема „Кога ја љубев Дениција“ на вонвременскиот македонски литературен деец Петре М. Андреевски, Богдан Илиевски – „Бетемен“ ја обзани својата среќа дека тој и неговата сакана, новинарката и ТВ водителка Анастасија Деа Богданоска станале родители.

И не случајно Бетмен со оваа  своевидна химна на љубовта, поема која би стоплила и камен, а не пак човечко срце ја сподели убавата вест за родителството на социјалните мрежи, зашто  првата рожба на среќните родители, нивната ќеркичка го доби токму ова име – Дениција.

„Пријатели, се роди Дениција!!!!

Станав татко, а Анастасија  мајка на најпрекрасното девојче на светов и веков. Двете се во одлична состојба. Јас во неопислива  среќа. Фала ви за добрата мисла и енергија“ –  напиша на својот Фејсбук профил, Богдан Илиевски, Бетмен, откривајќи го доаѓањето на свет на своето прво чедо.

Деа и Богдан  се запознале преку заеднички пријател, а шармантната новинарка и ТВ водителка долго време ја криеше врската со својот избраник. Особено додека над него беа надвиснати темните облаци на неправдата и затворската закана заради познатите настани од кобниот 27 април во Македонското собрание.

Но, откако Богдан Илиевски попознат по прекарот „Бетмен велит“ ја доби заслужената амнестија, тие го симнаа превезот на нивната љубовна тајна. Богдан ја симна маската на Бетмен, а Деа јавно ја покажа својата љубов! Тогаш, само со една фотографија и само со една максима, онаа добро познатата, извадена од срцата на навивачите на фудбалскиот клуб Ливерпул и нивната легендарна клубска химна „Never walк alone“:

Оттогаш Деа и Богдан се неразделни, а по повеќе од година и пол тие станаа родители.

Инаку Анастасија Богданоска беше новинар во порталот Курир, новинар и водитил во Канал 5 ТВ од каде замина и стана главен уредник на програмата на Алфа ТВ, а на породилно отсуство замина како  водителка на утринската програма „Добро утро, секое утро“, на телевизијата.

 

Редакцијата на Вистина.ком.мк им ја честита приновата и им посакува да се љубат довека и да ја љубат Дениција, како што се љуби најмилото.