Радио Милева

Анабела по 3 години призна: „Се огрешив за Киа Коцкар“

Анабела по 3 години призна: „Се огрешив за Киа Коцкар“
фото: принтскрин

Во емисијата „Прашања“ како дел од реалното шоу „Задруга“, задругарите одговараа на разни прашања.

Семејството Ѓогани се уште во центарот на вниманието, а едно од прашањата за Анабела Атијас беше поврзано со карма и Киа Коцкар,

„Што мислиш дали ова е карма што ти се случува? Поради подржување на врската на Луна Ѓогани со оженет маж и хејтувањето на Кија Коцкар?“ гласеше прашањето.

„Да, мислам дека да. Најверојатно и кон својата мајка испаднав….Никогаш во животот не ја издадов својата мајка, никогаш не ја излажав, никогаш не правев работи како Луна што ми прави. Знам дека таа ме гледа и мислам дека плаќам поради неа“  започна Анабела.

„Но, морам да признам дека не ја обвинувам за ништо. Тоа што ја пронајде љубовта и си отиде од тато, секое дете сака да ја види својата мајка среќна, никогаш во животот не и бев лута. И тоа ми се враќа“ вели Анабела и додава:

фото: принтскрин

„Не беше Луна единствена учесничка. Јас ја поддржав, сега сфаќам дека требаше да се правам будала како нејзиниот татко, тој помина многу добро, тој е добар и прекрасен, јас сум вештерка. Жал ми е. Како што Луна се бори за својата љубов и гази по живите и мртвите, по својата мајка така и Кристина имаше право да се бори за љубовта. И ете прилика да и кажам да се огрешив за таа жена. Имам потреба да го кажам ова“ вели Атијас.

Останати вести од Радио Милева