Радио Милева
удар в срце

Анабела го опиша најужасниот ден во животот: „Пеев, а се’ во мене плачеше“!

Анабела го опиша најужасниот ден во животот: „Пеев, а се’ во мене плачеше“!
„За време на мојата кариера имаше многу неправедни наслови и  написи за мене во медиумите, но ништо не може да се спореди со тагата што ја доживеав во 2004 година. По Луна, повторно останав бремена, носев близнаци и  одеднаш дојде до несакани  компликации. За жал, бебињата починаа. Сѐ уште ми е тешко кога ќе  се сетам на тој период. Тоа беше најтешкиот ден од мојот живот. Цело време, јас само сакав да викам и да вреснам: Само да ја исчисти оваа болка! Неконтролирано страдање го зафати моето тело. Се чувствував како да сум заробена во кошмар од кој морав да се разбудам. Но, не можев да избегам. По ова искуство, убедена сум дека ништо не може да ми го скрши срцето како загуба на дете. Многу ги сакам децата и сакав да имам повеќе.Тоа беше шок за моите емоции, телото, духот. Среќа во целата таа катастрофата што ја имав мојата Луна. Не сакав да се одвојам од неа, и таа ми помогна да ја надминам таа траума“ – се сеќава Анабела, која иако приватно минувала  низ пекол, морала да настапува.

„Освен огромната ментална болка и тага, во тој момент немав други здравствени компликации, па менаџерите ми кажаа дека морам да се појавам на закажаниот нстап. Никој на планетата не знае како се чувствував во тој момент. Никој не ја знаеше вистината. Се сеќавам на тој момент како најлош во мојот живот. Отидов на концертот, пеев како ништо да не се случило, бидејќи не сакав мојата публика да почувствува дека нешто не е во ред, всушност дека имам проблем што е нерешлив. Пеев, а сè во мене плачеше. Постојано размислував за бебињата. Сакав да биде поинаку. Луѓето ми пријдоа, сакаа да направиме заедничка фотографија, да им дадам автограм… На сите им излегов во пресрет, се смеев, позирав, но тоа не бев јас. Само сакав да се заврши работата, да си одам дома и да се исплачам. Бев млада и многу сериозно ја доживеав оваа загуба. За мене тоа беше удар во срцето. Настапот заврши, но во наредните денови имавме и други закажани концерти. 

Секогаш кога ќе се сетам на тој период, солзите сами ми се слеваат низ лицето. Сепак, животот продолжи. Тој ми донесе уште две ќерки, но и некои други, поинакви грижи. Децата пораснаа, а со нив и новите проблеми“ – изјави  пејачката за “Glossy”.