Радио Милева

Анабела: „Гаги сака да ме види мртва, поради него и Луна пијам антидепресиви“

Анабела: „Гаги сака да ме види мртва, поради него и Луна пијам антидепресиви“
фото: Владмир Шпорчиќ/дамир дервишагиќ

Анабела и Луна не престануваат да шокираат со своето однесување во реалното шоу „Задруга“.

Овој пат Анабела се скара со Гаги Ѓогани и го обвини дека поради него мора да бара помош од психијатар.

А здравствениот проблем со тириодната жлезда, Анабела го препиша на ќерката Луна и истакна дека таа е заслужена за нејзината болест.

„Поради Луна добив болест, дијагноза на штитната жлезда. Поради нејзиното учество во „Задруга 1“. А поради Гаги сум психички лошо. Секогаш се враќам на антидепресивите, на психијатрите. Тоа започна уште во нашиот брак. Затоа сега се однесувам агресивно бидејќи тоа е мој начин на лекување, така го исфрлам бесот од себе. Како и сите жени кои се злоупотребени, полудувам кога некој започнува да ме малтретира или да го малтретира моето дете“ вели Анабела.

фото: принтскрин

Гаги и врати на Анабела и истакна дека е најдобро да го напушти реалното шоу.

„Мислам дека Анабела е злобна. Пред 6,7 години започна таа борба кај неа и знам што прави тука. Глуми. Го познавам нејзиното плачење без солзи. Се што прави, прави со план. Но прави на штета на децата“ изјави Гаги и продолжи:

фото: принтскрин

„Луна се плаши од тебе. Ништо добро не донесе за твоето дете. Треба да ти е срам. Да си била добро можеби твоето дете ќе седеше покрај тебе, а не да бега. Треба да си одиш за доброто на Луна“.

Анабела не остана должна па му врати на Гаги.

фото: принтскрин

„Ти сакаш да сум мртва. Ти ги праќав децата да ги гледаш иако ти не плаќаше алиментација“ врати Атијас.

За потсетување, Анабела упати бројни обвиненија против момчето на Луна, Марко Миjковиќ и Гаги и истакна дека тие ја свртеле нејзината ќерка против неа.

Останати вести од Радио Милева